речник контакт

Зошто родниот Велес ги заборави 100 години од нивното раѓање??

Родниот Велес ги заборави основоположниците на македонската музика Стефан Гајдов и Живко Фирфов па...

Петар Печков

Родниот Велес ги заборави основоположниците на македонската музика Стефан Гајдов и Живко Фирфов па ниту лани ниту оваа година не ја одбележа стогодишнината од нивното раѓање.

Иако општината се гордее и често во сите пригоди ги споменува овие два корифеи на културата во Македонија, оваа значајна годишнина остана незабележана.

Градоначалникот на општина Велес на истекот од годинава ја увиде и најави дека сепак грешката ќе биде исправена.

- За жал излегува дека не си ја знаеме сопствената историја и сеуште не сме свесни дека освен оние личности кои со години ги помниме и ги одбележуваме нивните значајни датуми, дека има и други личности кои дале голем придонес за културата на градот И државата - изјави Аце Коцевски, градоначалник на Велес. Тој посочи дека оваа година ја заборавиле и годишнината од раѓањето на Ѓорги Зографски, но најави дека во наредниот период на сите нив градот сепак ќе им се оддолжи.

За наредната 2007 година со програмата предвидено е да се одбележат стогодишнината од раѓањето на Петре Прличко и 130 години од смртта на Рајко Жинзифов.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »